ДЕЛЕГАЦИЈА ОД АМБАСАДАТА НА СРБИЈА ВО ПОСЕТА НА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

Вчера, во официјална работна посета на општина Македонска Каменица беа амбасадорот на Република Србија во Република Македонија г-ѓа Душанка Дивјак-Томиќ и конзулот во Амбасадата на Република Србија г-ѓа Љиљана Танасијевиќ.

На средбата со градоначалникот на општина Македонска Каменица г-ѓа Соња Стаменкова се разговараше на неколку теми, а посебен акцент беше ставен на можноста за реконструкција на Спомен костурницата во село Цера и изградба на Инфо-центар, како и поддршка за збратимување на општина Македонска Каменица со општини од Република Србија.

По средбата градоначалникот на општина Македонска Каменица г-ѓа Соња Стаменкова изјави дека верува во продлабочување на соработката со општините од Република Србија на повеќе полиња, а особено на образовен, културен и спортски план и дека Македонска Каменица е подготвена за размена на искуства, како и за збратимување со некоја од српските рударски општини.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *