Девојчињата на Баскет Кам ја покорија Струга

Женската екипа на КК Баскет Кам (М-16) ја победи Струга на гостински терен. Конечниот резултат на семафорот беше 34:52. Најдобри во тимот на Баскет Кам беа Стефанија Георгиева со 15 постигнати поени, Моника Зафировска со 13, а Сандра Раневска постигна 8 поени.

Трендот на добри игри и победи во сите категории во кои се натпреварува Баскет Кам продолжува и очекувањата се дека ова ќе биде најуспешна сезона на клубот од Македонска Каменица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *