Две Бугарки џепчики протерани од Македонија

С.Ш.Г. (25) и Р.С.Д. (23), бугарски државјанки, добија кривични пријави поради основано сомневање дека извршиле три кривични дела џепна кражба и се стекнале со противправна имотна корист од околу 12.000 денари.

Судија на претходна постапка им одредил една година затвор, условно за 3 години, а лицата се протерани и им е забранет влез во РМ во времетраење од 10 години.

Првото кривично дело Бугарките го извршиле на 15-ти овој месец, во автобус број 7 на ЈСП Скопје кој се движел на релација од населбата Аеродром кон Рекорд. Тие ја искористиле гужвата во автобусот и невниманието на оштетената, се доближиле до неа и додека едната се туркала во оштетенaта со цел да ѝ го одвлече вниманието, другата со протнување на рака од ташната и го украла  паричникот со лични документи, картици и околу 1.300 денари.

Второто и третото кривично дело џепчиките го извршиле на 18-ти овој месец во автобус број 5 на ЈСП Скопје, кој се движел на релација од населбата Аеродром кон Рекорд. Тука неколку лица биле ограбени и им биле одземени паричници со лични документи, банкарски картички, семејни фотографии, пари и други лични предмети.

При извршувањето на второто кривично дело, истите биле забележани од страна на полициски службеници од ОИД-МД Центар и Бит Пазар и откако на автобуска постојка на бул. „Кочо Рацин“ се симнале од автобусот, истите се приведени во ПС ОН „Центар“. Украдените паричници со потврда им биле одземени и вратени на оштетените. Исто така во ПС ОН Центар извршен бил разговор со пријавените, при што истите во разговорот не сакале да го појаснат начинот на извршување на кривичните дела.

Leave a Reply

Your email address will not be published.