ГФК Осогово му посака добредојде на новиот помошен тренер Горан Гоцевски од Македонска Каменица

ГФК Осогово му посака добредојде на новиот помошен тренер Горан Гоцевски од Македонска Каменица

Новиот второлигаш од Кочани, ГФК Осогово во текот на вчерашниот ден, ја објави веста, дека нашиот сограѓанин Горан Гоцевски е нов помошен тренер на клубот.

Веста за ангажманот на Гоцевски, доаѓа само неколку денови по смената на досегашниот тренер на Осогово, Ефтим Аксентиев и доаѓањето на новото тренерско име Добринко Илиевски.

Горан Гоцевски е поранешен тренер и фудбалер на ФК Каменица Саса од Македонска Каменица, каде клубот последен пат го водеше во натпреварувачката 2021/22 сезона. Како фудбалер, покрај настапите за младинските состави на својот матичен клуб, Гоцевски има настапувано и за ФК Пирин од Благоевград во соседна Бугарија.

Му посакуваме бројни успеси, многу победи и убави резултати на личен и професионален план.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *