Денес, на работна средба со градоначалникот на општина Македонска Каменица, д-р Дарко Митевски, беше претседателот на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, г-дин Стојче Стаменковски.
Претседателот на РСПСП и неговиот тим извршија увид во проектите, кои Македонска Каменица ги има реализирано, а се однесуваат на подобрувањето на безбедноста во сообраќајот.