Гоце Стоиловски е нов претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ Македонска Каменица

Македонска Каменица, 01. Септември 2023 година – Денеска во партиските простории на ОК ВМРО-ДПМНЕ во Македонска Каменица беше промовиран новиот претседател партијата, Гоце Стоиловски.

Стоиловски во поздравното обраќање до присутните членови, симпатизери и гости во просториите на ОК ВМРО ДПМНЕ, како што истакнуваат од партијата, најавува нови големи победи во Македонска Каменица.

“Особено сум горд на укажаната доверба, но тоа истовремено претставува огромна обврска и значаен предизвик за мене. Посветено и заедно да продолжиме да креираме позитивни и корисни политики за нашата Македонска Каменица” – истакнува Гоце Стоиловски

Ветувајќи дека, Македонска Каменица ќе остане на победничките патеки додава дека е потребно обединување на партиските членови. “Треба заедно и веднаш да се ставиме на располагање на прогресивните и патриотски идеи за нашата Република Македонија и нашата Македонска Каменица, – дополнува Гоце Стоиловски по повод неговото назначување за претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ Македонска Каменица.

 

 

Гоце Стоиловски е роден на 10. Април 1989 година. Со основно и средно образование се стекнува во Македонска Каменица. Образованието го продолжува во Скопје, каде дипломира на студиите по Бизнис и администрација. Врши повеќе партиски функции на локално ниво, членува во повеќе тела на партијата и има постојана активна вклученост во сите изборни циклуси на локално и државно ниво од 2008 година до денес. Претходно учествува во младинските активности на УМС ВМРО ДПМНЕ Македонска Каменица. Женет и вработен смеен човек, кој членува и во повеќе доброволно волонтерски организации и друштва на локално и регионално ниво.

Досегашен претседател на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ беше актуелниот градоначалник на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *