Готова е и првата преработка на евровизиската песна на Јана

Песната „Dance Alone“, со која Јана Бурческа ќе ги брани боите на нашата земја на претстојното, 62. по ред издание на „Евровизија“, стана инстант хит за евровизиските фанови, а што е уште поважно, одлично е прифатена и од домашната публика, но и од колегите на Јана.

Сепак, се чини дека песната најмногу ѝ се допаднала на Наташа Малинкова, која одлучи да направи одлична акустична преработка. Во придружба на Столе Аврамов на гитара, пејачката ѝ даде една поинаква димензија на евровизискиот хит, а како звучи сето тоа можете да слушнете горе.

Имајќи го предвид сè поголемиот успех на „Dance Alonе“, која се најде и меѓу десетте најгледани видеа на евровизискиот канал на Јутјуб, а полека се приближува и кон најдобрите 10 според обложувалниците, годинава можеме да очекуваме нов рекорд во македонската евровизиска историја.

Јана ќе настапи во втората полуфинална вечер на 11 мај, а се надеваме дека уште еднаш ќе ја видиме и во големото финале на 13 мај. Среќно!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *