Големо засилување за шампионот Баскет Кам – Ивана Кметовска се врати во Македонска Каменица

Една од најдобрите македонски кошаркарки, силниот центар Ивана Кметовска по една сезона на интернационална сцена се враќа во Македонија.

Кметовска која настапуваше во Европкупот за Сепси од Романија во минатата сезона се реши да ја прифати понудата на шампионот Баскет Кам каде што беше дел од тимот кој ја донесе првата клубска круна во Македонска Каменица.

За составот од Македонска Каменица ова воедно значи и решавање на еден од најголемите проблеми во ростерот, а тоа е висок играч, односно центар.

Па така составот на Баскет Кам, инаку актуелни шампионки на Македонија во новата сезона ќе бидат уште посилни.

Инаку Кметовска освен во Романија има настапувано и во Америка, Шпанија и Турција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *