В понеделник е Голема Богородица – Македонска Каменица чествува троен празник

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека 28 aвгуст 2023 година (понеделник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија.

ММТСП на граѓаните од православна вероисповед им го честита празникот Успение на Пресвета Богородица.

28. Август, Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) е троен празник во Македонска Каменица, каде покрај православниот празник се прославува Денот на рударите и Денот на Општината. По тој повод Општина Македонска Каменица со Каменичко културно лето нуди забавна и музичка програма, со која и годинава ќе биде центар на збиднувањата во источниот дел од државата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *