Вчера падна и “големиот” МЗТ – Скопје пред разиграните момци од Македонска Каменица. КК “Баскет-Кам” е врвот на младинската кошарка во Македонија

Вчера во Скопје фаворизираниот МЗТ – Скопје не покажа доволен отпор на домашен терен против одличните момци од Македонска Каменица. КК Баскет-Кам го совлада “големиот” МЗТ во натпревар од Б-1 групата во категорија до 16 години (М-16) со 74:78.

За каменичани најпрецизен беше Никола Орлов со 26 поени, редовниот виновник за победите и столбот на играда на Баскет-Кам Кире Блажевски постигна 23 поени, а миленикот на публиката Александар Лазаревски постигна 12 поени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *