Вчера беше одржана XX по ред традиционалната меѓугранична средба “Руен”. Организатори на оваа средба на врвот Руен (2252 м) на Осоговските Планини како и секоја година беа Туристичко друштво „Осогово“ – Ќустендил БГ, Планинарско друштво „Руен“ – Крива Паланка МК и Еколошко друштво „Здравец 2002“ – Македонска Каменица МК, на средбата беа присутни од страна на Бугарија 1200 лица и тоа од Ќустендил, Софија, Пловдив, Невестино, Дупница, Благоевград и др. Од страна на Македонија свое учетво земаа посетители од Македонска Каменица, Крива Паланка, Пехчево, Делчево, Прилеп, Битола, Скопје, Куманово, Неготино и др. Од страна на Еколошкото друштво „Здравец 2002“ кое е еден од организаторите години наназад , беше обезбедено бесплатно: сендвичи, негазирана и газирана вода и музичката група Актив од Македонска Каменица.