Временска прогноза: Од вторник значително потопло време

Фото: Драган Костовски

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус пет до три, а дневната од пет до 11 степени.

Во Македонска Каменица променливо облачно со сончеви периоди. Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе достигне до десет степени.

До понеделник ќе се задржи променливо облачно време со благо опаѓање на дневните температури, додека утринските во повеќе места ќе се спуштат под нулата. Пониски утрински температури се очекуваат и во понеделник, а од вторник времето ќе биде сончево со умерена облачност и со пораст на дневните температури кои ќе се движат од осум до 13 степени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *