Од денеска нашето подрачје ќе потпадне под влијание на многу студена воздушна маса од север што ќе услови засилен северен ветер проследен со значителен пад на температурата. Попладне врнежите на планините и на повисоките места ќе преминуваат во снег.Од вторник ќе биде многу студено и ветровито со провејување на снег и во пониските делови, особено претпладнето.
Дневната температура на места ќе се задржи околу нула.
Со промената на времето ќе се намалат условите на загаденост на воздухот.