Во Штип се случила крвава тепачка што траела цели 25 минути

tepackaРечиси 25 минути се тепале во близина на продавницата на улицата „Радански пат”, пред да пристигне полицијата, околу 22 часот. Тројца штипјани синоќа крвнички си размениле тупаници, а заиграла и метална шипка. Подебелиот крај во тепачката, во која учествувале тројца штипјани на возраст од 25, 30 и 45 години, го извлекол најмладиот од нив, кој завршил на Хирургија.

Според полицијата, причината за тепачката е вербална расправија која излегла од контрола. Сега хоспитализираниот во болница, 25 годишен напаѓач ја земал металната шипка и замавнал кон останатите двајца учесници, нанесувајќи им повреди. Од Полициската станица во Штип, по комплетирање на случајот најавија пријави против учесниците во тепачката.

Претходната вечер, уличен разбојник на улицата „Радански пат” ограбил 19 годишна таринчанка. Додека разговарала по телефон, непознат сторител зад неа ја удрил со раката по глава при што паднала на земја. Набрзина и го украл мобилниот телефон и златна обетка од увото и се дал во бегство.

Последниот викенд СВР – Штип регистрира уште едно разбојништво, трето за последниве десет дена. 31 годишен штипјанец се обидел да ги ограби сопствените баба и дедо. Откако го скршил стаклото влегол во нивната куќа, ги разбудил и почнал да им бара пари. За да не го препознаат, го покрил лицето со крпа, но во насилникот што и бара пари 74 годишната старица го познала нејзиниот внук. Истиот во два наврати и се спротивставил удирајќи ја по главата и кога паднала на земја, побегнал од таму без да земе нешто од куќата. Увид извршила полицијата. Се трага по насилникот.

Инфо извор: ИрисТВ – Штип

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *