Во сабота, на 13-ти мај 2017 година, на Градскиот стадион во Македонска Каменица ќе биде пуштена во употреба новата „Куќа на спортот“. По тој повод веќе е најавено одигрувањето на ревијален фудбалски натпревар помеѓу легендите на ФК „Саса“ и ветераните на ФК „Вардар“ од Скопје“.
Денес и официјално е потврдено дека истиот ден ќе се одиграат фајнал фор натпревари и од детската лига-исток во генерациите 2004 и помали и 2008 и помали. Учество на фајнал фор турнирот ќе земат дечињата од Каменица Саса, Фудбал Старс, Слога и Брегалница. Победниците ќе играат на завршен турнир во Скопје. Натпреварите ќе започнат во 9 часот и 30 минути.