Во сабота, легендите на „Саса“ ќе играат со ветераните на „Вардар“

По повод предавањето во употреба на новоизградениот објект „Куќа на спортот“, во сабота, на Градскиот стадион во Македонска Каменица, легендите на ФК „Саса“ ќе ги одмерат силите со ветераните на ФК „Вардар“ од Скопје. Веќе е познато кои фудбалери ќе настапат во црно-зелениот дрес на „Саса“. Каменичката публика, на 13-ти мај ќе има неповторлива можност да се присети на фудбалските мајстории на Томе Петров, Тони Анастасовски, Лазо Јовановски, Стоил Игнатов, Кире Темчев, Перо Стојановски, Драги Стојановски, Предраг Стојановски, Давор Игнатов, Благој Димитровски, Сашо Васевски, Влатко Гошев, Душко Милосављевиќ, Јаким Бакулески, Љупчо Глигоровски, Виде Велиновски, Зоран Васевски, Сашо Мицевски, Душко Стојковски, Љупчо Арсов и други.

Имињата на фудбалерите кои ќе играат за Вардар дополнително ќе бидат објавени и сигурно е дека станува збор за големи македонски фудбалски ѕвезди кои ги одбележаа изминатите неколку децении.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *