Во рударството е иднината и развојот на Источна Македонија

  • Ние во септември добивме концесија за експлоатација за Боров Дол. Ги вршиме другите подготовки за почеток за изработката на рударскиот проект за експлоатација на тоа рудно тело. За Кадиица концесијата исто така ја имаме, вршиме дополнителни истражувања со цел да се направи нова студија за оправданост на инвестицијата, вели Николајчо Николов, прет. на Асоцијација за рударство на РМ.

Во моментов, на територијата на Источниот регион, веќе работат четири рудници: Саса во Македонска Каменица, Златово во Пробиштип, Тораница во Крива Паланка и  Бучим во Радовиш.

Сите заедно, вработуваат околу 2.500 работници. Годишното производство на  олово-цинкова руда  е околу 900.000 тони, додека ископаното количество на бакар е близу 8.000 т.

Во просек, сите рудници заедно  имата годишна добивка од околу 50 милиони евра.

Сево ова, рударството го прави атрактивно, па се поголем број студенти иднината ја гледаат во овој сектор:

  • На УГД постои Факултетот за природни и технички науки, каде интересот за студирање од година во година е се поголем, истакна Блажо Боев, ректор на УГД.

Зад себе, рударите имаат тешка година. Цената на маталиоте беше исклучително ниска, особено на бакарот кој се продаваше за само 5.000 долари за тон.

Сепак, од рударската асоцијација се оптимисти дека деновите на искушенија поминаа и од догодина очекуваат зголемување на цените и пораст на производството.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *