ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА МИНАТИОТ ВИКЕНД СЕ ОДИГРА ВТОРИОТ ТУРНИР ОД ЛИГАТА НА РК МЕТАЛУРГ – ГРУПА ИСТОК

На Истокот се одигра вториот турнир во Лигата на Металург.

Домаќин на турнирот беше Астра Спорт од Македонска Каменица, а учествуваа 13 екипи од Делчево, Македонска Каменица, Кочани, Виница, Кратово, Кавадарци и Берово. Машките се натпреваруваа во генерации 2002/3 и 2004/5, а женските во генерација 2002/3.

Турнирот се одржа во салата на ООУ “Кирил и Методиј“, а видовме шест возбудливи и воглавно рамноправни средби, после кои беа задоволни и победниците и поразените.

Организиравме одличен турнир и навистина сум задоволна што се беше во најдобар ред, иако не не послужи времето. Натпреварувањето во системот на Металург е мошне значајно за нашиот клуб и за целиот овој регион, а резултатите и успесите се очигледни“, вели Мирјана Гошевска од Астра Спорт од Македонска Каменица.

Не се сомневав дека Астра Спорт одлично ќе се справи со организацијата на овој турнир, како што не се сомневав и во тоа дека ќе проследиме израмнети и добри натпревари. Тоа што го видовме денеска ги надмина моите очекувања и јас сум навистина задоволен, особено од видливиот и јасен напредок на сите наши школи во источниот регион. Изминатите два турнира покажаа дека во овие школи работат посветени тренери, кои создадоа квалитет во своите клубови, а од тоа бенефит ќе имаат и Металург и македонскиот ракомет“, истакна директорот на Академијата Металург Тони Ристески.

 

Резултати:

10.30  Брегалница Делчево – Дедо Иљо Малешевски  (М 2002/3)   16:19 (9:10)

11.10  Тиквеш Кавадарци – Астра Спорт Каменица  (М 2002/3)   22:18 (13:8)

11.50  Младинец Кочани – Торо Спорт Виница  (М 2002/3)   13:17 (4:7)

12.30  Брегалница Делчево – Кочо Рацин Кратово  (Ж 2002/3)   5:13 (2:10)

13.10  Младинец Кочани – Астра Спорт Каменица  (Ж 2002/3)   3:14 (2:7)

13.50  Астра Спорт Каменица – Тиквеш Кавадарци   (М 2004/5)   12:8 (6:4)

 

Брегалница Делчево – Дедо Иљо Малешевски  (М 2002/3)   16:19 (9:10)

Брегалница Делчево: Петровски 11, Начовски 3, К.Стоименовски, Брндерски, Д.Стоименовски, Трајановски, Арсовски, Даневски 2, Ѓорѓиевски, Пешовски и Стојанов.

Дедо Иљо Малешевски: Руменовски, Сулимановски, Догазански, Ковачовски 4, Царовски 1, Јанчовски 6, Гугушовски 4, Рашковски, Панковски, Кафтански 1, Белчовски, Пеовски, Демировски, Бошнаковски, Пиличовски и Дракалски 2.

 

Тиквеш Кавадарци – Астра Спорт Каменица  (М 2002/3)   22:18 (13:8)

Тиквеш Кавадарци: Јаковлевски, Алексов, Ефремов 1, С.Христијан 1, Петров 7, Димовски 3, Коцев 1, Толов 4, П.Благој, Милков, Апостолов, Динов и Илиев.

Астра Спорт Каменица: Л.Лазаревски, П.Стоиловски, Д.Лазаревски 2, Велков 7, А.Лазаревски, Васовски 3, А.Стоиловски 3, Стоименовски,Миленковски, Јангелов, Николовски и Димитровски 4.

 

Младинец Кочани – Торо Спорт Виница  (М 2002/3)   13:17 (4:7)

Младинец Кочани: Ѓоргиев, Нисов 2, Клименков, Димитриев, Илиев, Јакимов 6, Давчев 1, Беличев, Јичев 4, Митев, Златко и Миладинов.

Торо Спорт Виница: Атанасов, Давчев, С.Јордановски 3, Ристов 2, Стојанов 1, Серафимовски 2, В.Јордановски 7, Стоилов 2, Попов и Лазаров.

 

Брегалница Делчево – Кочо Рацин Кратово  (Ж 2002/3)   5:13 (2:10)

Брегалница Делчево: Г.Димитровска, Ј.Димитровска 5, А.Димитровска, К.Димитровска, Митевска, Стојчевска, Поповска, Петровска, Брндевска и Маринковска.

Кочо Рацин Кратово: Божинова 9, Ристова 1, Ј.Стојмановса, Трајковска, Михајлова, Антонова, А.Арсовска 2, Зарева, Арсова, Николовска, Анчевска 1, Трајчева, С.Арсовска, М.Стојмановска, Анастасова и А.М.Јовановска.

 

Младинец Кочани – Астра Спорт Каменица  (Ж 2002/3)   3:14 (2:7)

Младинец Кочани: Стојанова 1, Антова, Христова, Тренковска, Лазарева, Данилова 1, Накова, Манчовска 1, Симкова, Јованова, Соколовска и Мичова.

Астра Спорт Каменица: Стојановска, Петровска 11, Стојковска 2, Накова 1, Ѓорѓиевска, Стојчевска, Веселиновска, Спасова и Лефкова.

 

Астра Спорт Каменица – Тиквеш Кавадарци   (М 2004/5)   12:8 (6:4)

Астра Спорт Каменица: Стоиловски, Павловски, Стоименовски 3, Б.Стаменковски 2, Д.Атанасовски 2, Лазаревски, Миленковски 3, Велков, М.Стаменковски, М.Атанасовски и Николовски 1.

Тиквеш Кавадарци: Илиев 4, С.Милков 2, Ј.Милков, Лазов, Данов 2, Панов, Трајковски, Милошев, Милинков, Јоваковски иЕфтимов.

Leave a Reply

Your email address will not be published.