Возачите од Истокот се жалат на „лудите“ цистерни на Лукоил

Во последниве неколку месеци, до kamenica.mk пристигнаа десетина поплаки од „лудото“ возење на возачите кои ги управуваат цистерните на Лукоил. 

Иако патот Кочани-Македонска Каменица-Делчево е во лоша состојба, а во последниов период се вршат градежни активности на истиот, тоа не е пречка за возачите на Лукоил да возат со брзина поголема и од 90 км на час. Според локалните возачи, неприлагодената брзина и честото преминување на другата коловозна лента од цистерните на Лукоил им задава многу проблеми во сообраќајот.

Според неколку поплаки, токму цистерните на Лукоил се причина и за неколку сообраќајни незгоди кои се случиле на овој патен правец.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *