Внук и баба брутално силувале 11 годишно девојче. Ќе ја правеле снаа

Штитеничка од Јавна установа за загрижување на деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение-Скопје, која има 11 години била заложник на брутален чин, каде што била силувана и малтертирана од една баба и внук во една скопска населба. Трагедијата во полициската станица во Чаир, на трети овој месец, ја пријавила жртвата заедно со социјален работник од установата.

Немилиот настан се случил во населба Шуто Оризари, откако, претходно штитеничката со автобус стигнала во населбата Бутел, каде што на автобуската постојка се сретнала со друга штитеничка од установата.

Двете девојчиња се упатиле на гости кај бабата на втората штитеничка која живее во Шутка. Кога девојчето сакало да си замине бабата не ја пуштала и постојано ѝ велела дека ќе ја прави снаа. Потоа дошол и внукот, заедно ја затвориле во една соба каде тој се обидел да ја силува.

Девојчето се противело, но на крај попуштило и имале сексуални односи. И по ова тие не ја пуштале и ја држеле затворена, бабата ја влечела за коса за да остане, следниот ден таа успеала да побегне.

Малолетното девојче веднаш го известило својот чичко за целиот настан. Од полицијата превземаат мерки за расчисување на случајот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *