Внимателно зад воланот, коловозите се влажни!

radika-odron-520x239Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по влажни коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно низ клисурите, каде постои можност за појава на одрони кои наместа може да го попречат движењето на возачите.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за илзез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Заради рехабилитација на автопатот Куманово -Миладиновци извршена е времена измена на режимот на сообраќај после Агино село, сообраќајот се одвива по левата брзата лента а лентата за возење и застанување е затворена за сообраќај каде е поставена сообраќајна сигнализација за времена измена на сообраќај.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *