Виница: До вчера невработен, денес милионер

Невработен од Виница од синоќа е милионер. Среќата на 21-годишниот Лазе Димитровски му ја најавило бадниковото лепче L

  • На Бадник ми се падна паричката и веројатно навистина носи среќа, кажа Лазе Димитровски, добитник на милион.

Бидејќи на лото добиваат само тие што играат, стаж со игрите на среќа има и Димитровски :

  • ретко играм на апарати, почесто уплажам спортска, кажа Лазе Димитровски.

Oткако еуфоријата веќе минува, сега Димитровски е пред слатки дилеми што со парите :

  • Засега немам некои планови, ќе видиме понатаму како же ги трошиме, рече среќниот добитник.

И неминовното прашање во вакви ситуации е дали ќе продолжи со игрите на среќа:

  • Не, толку веќе, рече Лазе Димитровски, добитник на милион.

Инаку, Лазе вчера доби 1,4 милиони денари на видео лотариските терминали во обложувалницата Моцарт, со што стана 27-от добитник на овој џек пот.

Претходно во регионот, среќата најмногу им одеше од рака на делчевци, каде во неколку наврати се извлечени големи лото премии.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *