ВИДЕО: Отчет на градоначалникот на Македонска Каменица, д-р Дарко Митевски

Денес, во просториите на општина Македонска Каменица, градоначалникот д-р Дарко Митевски даде Отчет за реализираните проекти, за периодот 2013-2017 година. Пред присутните новинари беа истакнати најзначајните проекти кои беа реализирани во овој период:

  • Нов Дневен центар за лица со посебни потреби
  • Нов Дом на култура 
  • Градска капела и уредување на градските гробишта
  • Нова секундарна водоводна мрежа
  • Реконструкцијата на манастирско-туристичкиот комплекс „Еленец“ во село Цера
  • Нови тениски терени
  • Нов Дом за стари лица во село Саса
  • Нови детски игралишта
  • „Куќа на спортот“ која е во завршна фаза
  • Изградба на типски мостови на река Каменичка
  • Реконструкција на простории на Градски базен
  • Асфалтирање улици и локални патишта во руралните средини
  • Нов Генерален урбанистички план и нови ДУП-ови
  • Набавка на возила за бесплатен јавен превоз и многу социјални програми, мерки и активности
  • Поддршка за невладиниот сектор, здруженија на граѓани и спортски клубови, проект за спорт и млади
  • Поддршка за развој на културата
  • Ново монтажно училиште во село Моштица
  • Проекти за поддршка и развој на образованието
  • Проекти во областа на сообраќајот и противпожарната заштита
  • Проекти во областа на здравствената заштита
  • Проекти во областа на информатичкиот развој, земјоделието и руралниот развој, и меѓународната соработка

Градоначалникот на општина Македонска Каменица, д-р Дарко Митевски, најави дека во текот на 2017 година ќе биде завршена атмосферската и фекалната канализација во Македонска Каменица и ќе бидат асфалтирани уште неколку патни правци во руралните средини и неколку улици во централното градско подрачје. Ќе биде доизграден и кејот на река Каменичка, а ќе се реализираат уште десетици проекти кои значително ќе го подобрат квалитетот на живот на локалните жители.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *