Концертниот настап на Nevermind, кој вечерва требаше да се оддржи во Домот на култура во Македонска Каменица е одложен. Со претходна согласност од бендот договорено е Nevermind да настапат по Новогодишните и Божиќните празници, во термин кој дополнително ќе биде соопштен.
Инаку, Македонска Каменица се подготвува за дочек на Новата 2018 година, а прославата ќе се оддржи во училишниот двор на СОУ „Миле Јаневски Џингар“. За добра атмосфера ќе се погрижи бенд составен од локални музичари, а во новата годана ќе влеземе со спектакуларен огномет.
Генерален покровител на настаните е Рудник „Саса“ од Македонска Каменица.