Над половина од возниот парк во Македонија нема да помине на технички преглед ако се користи европскиот систем за контрола.
Новата метода која наскоро ќе стартува со примена и кај нас ќе го оневозможи регистрирањето на автомобилите преку врски. Примената на читач на историјата на возилото ќе биде и драстично побрз и поевтин, па наместо сегашните инвестиции вложувањата во центри за технички прегледи ќе бидат и помали а тоа ќе придонесе и кон зголемување на конкуренцијата но и пад на цените за регистрација, објавува телевизијата.
Проблем во Македонија според европските експертите е големиот увоз на автомобили кои не ги исполнуваат условите за регистрација во Германија. Тоа значи дека истите се стари и во лоша состојба.
Просечната старост од над 20 сега изнесува само 14 години. Но според професорите и овој праг е висок и значително придонесува како во загадувањето така и во бучавоста во градот.
За примена на новиот закон за регистрација на возила кој ќе биде побрз и далеку поевтин треба да се направат и законски измени за кои подготовките се веќе започнати.