Бугарија воведува мораториум на бугарските пасоши за странци? Во изминатиов период се издадени околу 115 илјади пасоши од кои над 60000 на Македонци!

Според истражувањата кои деновиве беа објавени во бугарските медиуми, властите во земјата им дале бугарско државјанство на 114 лица кои се барани од страна на Интерпол. Истрагата на телевизијата БНТ ги следи каналите по кои лицата кои се декларираат како Бугари добиваат документи и на тој начин ја избегнуваат правдата во своите земји.

Уште во 2014-та година проверките на бугарското врховно административно обвинителство утврдиле нарушувања во Државната агенција за Бугарите во странство (ДАБЧ), од каде биле издавани документи за бугарско државјанство без сертификати, а преку кои се докажува дека тие се Бугари. За време на истрагата биле пронајдени фалсификувани документи, а наодите на ова обвинителството биле потврдени и минатата година, пишуваат бугарските медиуми.

Истрагата покажува дека лица од различни земји во Министерството за правда претставиле сертификати со бугарско потекло, издадени од Државната агенција за Бугарите во странство, која е под контрола од кадарот од партијата ВМРО-БНД.

На овој начин, странските државјани само декларираат дека имаат бугарско самосвест и прикажуваат уверение од некаква невладина организација во странска држава, во која пишува дека барателот имал барем еден роднина Бугарин.

БНТ го наведува примерот со Кадрие Ризова од Битола, која поднела барање дека сака бугарско државјанство, а во интервјуто пред конзулот во Македонија на прашањето каква е нејзината народност, одговорила дека е циганка муслиманка, додека во барањето нејзиното барање доставено до бугарското министерство за правда, Кадрие напишала дека е Бугарка.

Стотици странци добиле државјанство на тој начин, вклучувајќи и криминалци, а според документи на меѓународните безбедносни служби голем број Македонци и Албанци зеле државјанство токму во момент кога биле барани од страна на Интерпол или веќе имале пресуди, се вели во телевизискиот прилог на БНТ.

Според податоците на бугарското министерството за правда, цитирана од worldbg.eu, за последните 15 години вкупно 116.222 странци добиле бугарско државјанство, при што повеќе од половина , околу 60 илјади лица се Македонци, потоа 30 илјади се од Молдавија, шест илјади се Украинци, а 5.400 се Срби.

По нив следуваат Русите (5.194 лица и Израелците (3.840 лица). Бројот на Албанци кои добиле бугарско државјанство во последните 15 години изнесува 2.192, додека пак 622 Турци исто така станале бугарски државјани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *