
НЕВРЕМЕТО кое го најавувме уште пред неколку денови е се поблиску и утре попладне ни пристигнува.
Утре (15.07.2016) времето во Македонија во предпладневните часови ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со умерена облачност.
Ќе дува умерен ветер претежно од јужен правец.
Веќе во попладневните и во вечерните часови како и во текот на ноќта кон сабота територијата на Македонија ќе биде зафатена од влажна и ИСКЛУЧИТЕЛНО нестабилна воздушна маса од Севереозапад.
Поради тоа ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд , грмежи и засилен ветер.
Локално процесите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд , силен ветер , силни електрични празнења и град.
Максималната температура утре ќе се движи во интервал од 30 до 36 степени.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ 1: Во текот на утрешното попладне и вечерта на некои места за кратко време ќе наврне ГОЛЕМА количина на воден талог (над 30 л/м2) па поради тоа се можни локални ПОПЛАВИ.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ 2: Крајна предпазливост во случај на појава на електрични празнења – во никој случај да не се предстојува на отворен простор и под осамени дрвја.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ 3: Од утре попладне па се до вечерта (значи за краток временски период) температурите ќе опаднат дури за околу 20 степени.
Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ!