Берово: Баба со смртни закани кон наставниците во училиштето го бранела внукот ученик

Баба им се заканувала на наставниците зашто го преместиле нејзиниот внук од едно во друго одделение во основно училиште во Берово, соопшти МВР.

Полицијата поднесе кривична пријава против Д.Б. (51) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. Според полицијата, на 24 јануари годинава, таа преку телефонски пораки им се заканувала на претпоставени во училиштето каде што учи нејзиниот внук поради тоа што одделенскиот и наставничкиот совет во училиштето одлучил детето да биде преместено од едно во друго одделение.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *