Македонија има склучено билатерални договори за заемно признавање на националните возачки дозволи со Шпанија, Албанија, Италија, Словенија.
Кога станува збор за останатите земји, па дури и соседните, потребна е меѓународна возачка дозвола за патување со сопствено или туѓо возило.
Меѓутоа, се препорачува поседување меѓународна возачка дозвола дури и за земјите со кои има склучен договор.
Меѓународната возачка дозвола, како и зелениот картон и дозволата за управување туѓо моторно возило се издава од правно лице овластено од министерството за внатрешни работи.
Меѓународната возачка дозвола има важност од три години и не се издава на лице кое е казнето.