А тај виц знаеш ле го…? #4

Некој човек од наште села си чувал куче по дома, ама почнало да јаде јајцата по легалата и сакал да го дефтоса. Чудил се шо да го праи и решил да го одведе некаде далеко, за кучето да не може да се врне до дома. Станал сабаалето рано и одвел кучето дури у друго село (у Иљово на пример). Врашта се дома, коа шо да види…кучето го преварило! Нервозен, другото сабаале станува оште порано и однел кучето дури отат Биглата некаде. Дооди си дома, кучето па пред кашти го чека. Третото сабаале оште у темното рано дигнал се и носил, носил та дури ојдел после Трстија, Турија…Трсино…далеко…ни он не знае каде и коку го далеко ставил некаде.

Понемало некое време и ја ле го звони дома на жената. Она му се јавува оште понервозна оти кучето па се врнало и вика му: дооди си ајде и маани се веќе, доста е…џабе го водиш току далеко! Ја го ја па пред кашти ќефно, врти со опашката…леб тражи!

А он ифрит лутен и оште понервозен и вика: Маани ми се ма, не ми ти кажувај на мене…ја шо дам направил, направил сам! Туку дај фани излегни по дворо, помами кучето, дај му леб…и попитај го ако иска да ти каже како пато да погода до дома! Иначе еба си мамата…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *