А тај виц знаеш ле го…? #2

Некој си имал матурица шо веќе ф’тасала за нерез и требало да ја кара некако, ама мака имал како да ја качи у приколката, ногу дива била… И морал да викне сите комшии од маалата на помош да пробаа некако да ја качат. Она им бега насекаде низ дворо…они едни мамат-други гонат, кој товара-кој запира…едвај некако ја товарили. Тека било и другата недела, па едвај ја товарили и поново ојдел со маторицата на нерез…

Третатта недела сите од цела маала чекаа да ги вика комшијата да товарат матурицата за на нерез, а него го нема да ги вика на помош. Чудат се шо биде, да не се е нешо налутил комшијата…

Поѕрта еден од најрадозналите комшии да види шо е работата и ка го видел оти се сука по дворо провикнал се:

Комши, ќе караш ле матурицата на нерез бе?

-Ќе ја карам, ќе ја карам, ка нема да ја карам…те само што не сам кренал!

Епа зарем тека ќе кренуваш бе комши, ние чекаме цело сабаале, а ти не викаш да ти помогнеме да ја качиш ф приколичката…дека е матурицата?

– Е дека е, ја ле а ја сама се качува од прее у приколицата! Грди, едвај чека да кренеме…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *