Александар Тодоровски најдобар во двете победи на Баскет Кам (М-18)

Кошаркарскиот клуб „Баскет Кам“ од Македонска Каменица продолжува да реди победи. Вчера, генерацијата М18 извојува победа против Пиколо од Кочани со резултат 70:53. Најдобар на паркетот беше Александар Тодоровски со 24 поени, Давид Стоименов постигна 9, а Борјан Панов-5 поени.

Денес, пак, беше совладана екипата на Куманово, а конечниот резултат на семафорот беше 94:45. Повторно, најдобар поединец беше Александар Тодоровски со 25 постигнати поени, Борјан Панов запиша 19, а Димитар Стоименов натпреварот го заврши со 14 поени.

Победа извојува и екипата на Баскет Кам (М16). Помладата генерација го декласираше Куманово, со резултат 80:46. Најдобар играч на овој натпревар беше Кире Блажевски со 21 постигнат поен, а по него следуваа Ангел Јовановски со 16 и Дамјан Тодосиев со 12 поени.

Баскет Кам (М18) има три победи од три одиграни натпревари, а помалата генерација-М16, две победи од два одиграни натпревари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *