Македонска Каменица, 24. Јуни 2024 година – Прочистувањето на отворените одводни канали пред најавата за поројни дождови е од витално значење за спречување на поплави и други штети по имотите на граѓаните.
– Со вклучена крупна механизација денеска бевме вклучени во отстранување на насобраниот отпад, листопад, кал и други пречки кои можат да го блокираат протокот на водата во Грчки дол кај Долно маало во Македонска Каменица, – истакнаа од ЈП Камена Река додавајќи дека ќе продолжат со преземање на мерки за навремено чистење на отворените канали и суводолици во останатите приградски и рурални средини од нашата општина.
Редовното одржување на одводните канали не само што ги минимизира ризиците од поплави, туку и го подобрува квалитетот на водата во околната.