Ѓоковиќ без загубен сет до четвртфинале на ОИ

Новак Ѓоковиќ без проблеми победи уште еден меч на олимпискиот турнир. Тој во осминафиналето го совлада Доминик Кепфер и со тоа закажа нова пресметка со Стефанос Циципас од Грција.

Србинот и Гркот на истото место го играа епското финале во 2021 година, кога Ѓоковиќ од негатива од два сета, дојде до пресврт и голема титула.

„Овде игравме во финалето на Ролан Гарос во 2021 година.

Стефанос трипати го освои Монте Карло. Тој е многу квалитетен противник. Победив против него, но загубив и некои мечеви од него, тој има продорен сервис и форхенд. Ќе биде сè потешко, знам што ме чека, но ќе бидам подготвен“, рече Ѓоковиќ.

Дуелот меѓу Ѓоковиќ и Циципас на програмата е в четврток, со почеток по 12:00 часот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *