Четиринаесетгодишниот Ѓорѓи Чешмеџиевски од Скопје решава Рубикова коцка со раце и со нозе

Решавањето на Рубиковата коцка не е само игра. Тоа е доказ за човечката генијалност и возбудата за освојување на невозможното. Четиринаесетгодишниот Ѓорѓи Чешмеџиевски од Скопје, може да намести Рубикова коцка за пет секунди. Тој е најмалиот шампион во Северна Македонија, а во 2018 година во Тирана на седумгодишна возраст го постигнал првиот рекорд.

„Љубовта за коцките ми започна во 2015 година кога ја добив мојата прва коцка во мојата колекција и тој ден беше како љубов на прв поглед. Моите родители мислејќи дека како и секогаш кога ќе ми купат нова играчка ќе ја сакам само две недели, па потоа нема да ја сакам веќе, но тогаш имаше нешто различно со Рубиковата коцка“, вели ученикот Ѓорѓи Чешмеџиевски.

Младиот Ѓорѓи досега освоил 59 медали на домашни и меѓународни натпревари.

„Досега сум бил во Бугарија, Албанија, Грција, скоро целиот Балкан веќе го поминав и следниот натпревар ќе ми биде за една недела во Босна и Херецговина“, додаде Чешмеџиевски.

Целиот текст можете да го прочитате на VOA.

Фото: Мартин Николовски / VOA

извор: скопјеинфо.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *