По повод 17 март – Денот на крводарителството, Општинската организација на Црвен крст од Делчево организира свеченост каде ќе бидат доделени благодарници и признанија на крводарители кои имаат дарувано крв 5, 10, 25, 50, 75 и 100 дарувања на крв.
Крводарителите кои ги исполнуваат овие услови може да се пријават во просториите на Црвен крст секој работен ден од 08 – 16 часот или на телефон 071 346 227 до 03.03.2024 година.