ФОТО НА ДЕНОТ: СРПСКАТА ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА ВО КАЛИМАНЦИ КОЈА БИЛА СТРАВ И ТРЕПЕТ ЗА НАШИОТ НАРОД

25. Јули 2017г.
Македонска Каменица (www.kamenica.mk)
На фотографијата можете да ги видите двете куќи во кои била сместена полициската станица во село Калиманци од времето на првото и второто српско владение од минатиот век во нашиот крај. Полициска станица кога за голем број луѓе од нашиот крај, во тогашниот период била “Куќа на стравот”, позната по силните и тешки измачувања. Добар дел од нив, во неа и ги загубиле своите животи, од неа враќање немало. Многу од притворените и затворените, никогаш не се вратиле дома и не се дознала правата вистина за нивната смрт.

Доколку имате некоја вистинска приказна или интересно предание од постарите свои, доставете ја до нашата редакција. Истата, од наша страна ќе биде публикувана, се со цел да ја дознаеме вистината на нашите минати поколенија кои ревносно пружале отпор кон своите окупатори.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *