Успешно заврши македонскиот иселенички собир “Ден на дијаспора 2024” на Еленец во село Цера, Македонска Каменица

Македонска Каменица, 11. Август 2024 година – Денеска, во присуство на бројни наши иселеници и граѓани од Македонска Каменица и поширокиот регион, на туристичко манастирскиот комплекс “Еленец” во село Цера, се одржа IX иселеничка средба Ден на дијаспора 2024.

Настанот свечено беше отворен со обраќање на градоначалникот на општината Димчо Атанасовски и Дарко Атанасовски, претставник на Македонското иселеничко друштво “Заедно – Insieme” кое успешно работи во Пиемонте, Италија.

Пред присутната публика на туристичко манастирскиот комплекс Еленец во село Цера, како дел од културно уметничката програма настапија помладите фолклорни групи при Културно уметничкото друштво “Вера Јоциќ” од Македонска Каменица. Придружувани од Модерато Бенд, свој настап имаше популарната Ирена Спасовска и други естрадни уметници.

Настанот е во организација на Културно информативниот центар “Романса” од Македонска Каменица и Општина Македонска Каменица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *