Македонска Каменица – Се вршат последните подготовки за одбележување на големиот христијански празник Свети Илија – Илинден на Магилката во Македонска Каменица. По тој повод на 2. Август во петок, со почеток од 17:30 часот, ќе биде поделен славски ручек за здравје.
Магилката е во непосредна близина на вливот на Каменичка река во Калиманско езеро, од источната страна. Овде во изминатите сто и повеќе години се чинеле црковно народни собири со делење на славски ручек за здравје, како чин при одбележување на најголемите христијански празници во текот на целата година.
Браќа и сестри христијани, нека е за многу години големиот празник Свети Илија – Илинден!