Тимот од Меѓународната олимпијада по геонауки на свечен прием во кабинетот на претседателката Гордана Сиљанова Давкова

Учениците добитници на меѓународни награди и признанија во текот на 2024 година и нивните ментори, вчера беа примени од претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Учениците, кои свечено беа примени од претседателката Гордана Сиљанова Давкова се дел од Македонското географско друштво, Сојузот на математичарите на Македонија, Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија, Здружението на информатичарите на Македонија, Друштвотото на физичари на Македонија, Македонското биолошко друштво, како и ученици, таленти кои индивидуално учествувале на меѓународни натпревари и постигнале успех.

Заедно со останатите ученици од олимпискиот тим на Македонија, присутна на приемот беше и нашата сограѓанка Михаела Павловска, која од Меѓународната олимпијада по геонауки одржана во Пекинг, Кина се врати со сребрен и бронзен медал.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *