Сончев и топол викенд со температури до 27°C

Сончево со умерен ветер и температура до 27 степени

Македонска Каменица, 13 октомври 2017 (kamenica.mk)

Во Македонија денеска ќе биде претежно сончево и топло со умерен северен ветер, кој повеќе ќе биде изразен долж Повардарието.

Како што соопшти УХМР, утрото ќе биде свежо со утрински температури кои ќе се движат во интервалот од 0 до 8, а дневната највисока температура на воздухот ќе биде од 21 до 27 степени.

Во Македонска Каменица викендов ќе биде со сончево и топло време, со умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од четири до 25 степени.

Во наредните денови ќе продолжи периодот на сончево време со постудени утра, а дневните температури ќе бидат во пораст. Исклучок ќе има в сабота кога ќе биде малку до умерено облачно и повремено ќе дува засилен северен ветер, особено долж Повардарието. Во почетокот на наредната работна седмица се очекуваат и натпросечни дневни температури.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *