Македонска Каменица, 06 Септември 2024 година – Денеска во Дом на култура во Македонска Каменица беше реализирана редовна крводарителска акција во организација на Општинската организација на Црвен Крст – Делчево. На септемвриската крводарителска акција беа собрани 26 крвни единици.
Од Општинската организација на Црвениот Крст – Делчево упатуваат благодарност до сите хумани граѓани кои даруваа крв и придонесоа за спасување на нечиј живот.