Со редица настани детската градинка „Бамби“ го одбележа Месецот на книгата

Македонска Каменица, 15. Ноември 2022 година – ЈОУДГ ,, Бамби” – Македонска Каменица со редина настани го одбележа Месецот на книгата.
„Одбележувањето на Месецот на книгата го започнавме со организирана посета на библиотеката „Крсте Петков Мисирков“ во Македонска Каменица, каде дечињата се запознаа со начинот на кој се изнајмуваат книгите и како за истите треба да се грижат. Исто така, во посета на детската градинка „Бамби“ беа претставници на библиотеката. Беа донесени книги според желбите на децата, а истите пред дечињата беа читани од воспитувачите“ – изјави Тодорка Велиновска, директорка на детската градинка Бамби во Македонска Каменица
„На крај, дечињата имаа средба и со родокрајните автори од Македонска Каменица, каде авторите се претставија со свои творби“ – кажа директорката Тодорка Велиновска, која додаде дека, „Паралално со овие активности, во рамки на детската градинка беше спроведена акцијата „Биди пријател на Бамби, дарувај сликовница“, во која учествуваа сите дечиња при детската градинка Бамби“.
Детската градинка Бамби во Македонска Каменица, како Јавна општинска установа постојано е вклучена во одбележувањето на повеќе светски денови и датуми реализирани со активности на најмладите во нашиот град, како и вклученост во организирање на едукативни посети на најголемиот дел од институциите и установите во Македонска Каменица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *