Силен шумски пожар во атарот на село Главовица – најавена воздушна поддршка во борбата против огнената стихија

Денес нешто по 15:00 часот ДПД Кочани со едно возило и 7 члена се упати на терен со цел за гаснење на сериозен шумски пожар во атар на село Главовица.
– Се работи за пожар на тешко пристапен терен на кој се интервенираше до самиот мрак. На терен беа и ТППЕ Кочани со 8 припадници, ТППЕ Македонски Каменица со 5 пожарникари, ДПД Саси со 3 члена и тим од Национални шуми од едно возило и 4 вработени, – информираа од Доброволното противпожарно друштво од Кочани
Пожарот се уште е активен, а на терен остaнуваат екипи од ТППЕ и Национални шуми за контрола на огнот, кој според последните добиени информации од терен, не престанува да се шири. Во утринсите часови со помасовна копнена сила, како и најавена воздушна поддршка ќе продолжи гаснењето на пожарот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *