Во рамки на празнувањата на Денот на рударите, Рудник САСА го одбележа и официјалното пуштање во употреба на новиот апарат за дигитална радиографија во Здравствената станица во Македонска Каменица.
Донираната опрема, вредна над 80.000 евра, е најсовремен медицински апарат кој претставува значаен напредок во медицинската технологија и овозможува прецизна рендгенска слика и дијагностика за подобрување на здравствените услуги во локалната заедница.