Риплеј со одлична преработка на мега-хитот “Despacito”

27 Мај 2017 (kamenica.mk)

Македонска Каменица

По кратко време од нивната прва авторска песна , Риплеј повторно не привлече да ѕирнеме во нивниот лист од преработени песни. Покрај многуте преработки на песни, неочекувано Риплеј овој пат не изненадува со нешто ново и сосема различно.Станува збор за добро познатата песна која за кратко време стана светски хит а тоа е ,,Despacito”!! Дечките од Риплеј својата музикалност и професионалност дополнително ни ја докажаа преку идејата ,песната да биде исклучиво инструментално преработена. Спојот на гитара , саксофон, создадоа прекрасна преработка што со сигурност ќе им се допадне на слушателите. Имено, Бендот пред извесно време ни ја промовираше првата авторска песна ,,Така случајно”.Како што велат и самите Риплеј -never stops, така ние како и нивните фанови нетрпеливо чекаме да ја слушнеме втората авторска песна што со сигурност ќе не изненадат за кратко време.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *