Регион: Вчерашниот ден полн со сообраќајни незгоди, неколку напади и силување во обид

Лош ден за регионот. За 24 часа регистрирани сообраќајки, напад и силување во обид. Од четири регистрирани прекршоци, три се во Кочани и еден во Штип.

Најкарактерисичен е обидот за силување во индустрискиот дел на Кочани, каде 25 годишник се обидел насила да обљуби девојка. Во намерата не бил воопшто нежен и обѕирен, па девојката завршила со повреди на рацете и половината, но со сочувана чест и образ.

Друг, кочанец, пак, исто така на 25 години, нападнал болничарка од Гинекологија. Тој на неа вербално и се заканувал, ја навредувал и тврдел дека ќе ја убие, по што со рака го скршил стаклото од вратата. Парче од него, завршило во слепоошницата на болничарката, но за среќа само ја изгребало.

Две сообраќајки , пак, во болница испратија три лица едно од Штип и двајца од Кочани. Повредени се 55-годишна штипјанка, откако во неа, додека минувала улица удрил автомобил, како и возач и совозач на мотор од Кочани кои исто така имале блиска и лоша средба со автомобил.

Извор: СтарТВ – Штип

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *