Македонска Каменица, 22.06.2021 година – Општина Македонска Каменица денеска упати Соопштение до граѓаните дека во петок, на 25 јуни 2021 г. во раните утрински часови во Македонска Каменица ќе биде спроведено авиотретирање против комарци.
Претходно во четврток, 24. Јуни 2021 година, во доцните вечерни часови ќе биде извршено и терастичното прскање против комарци во градската средина на општина Македонска Каменица.
-Прскањето против комарци ќе се врши со еколошко средство за уништување на комарци – широкопојасен инсектицид за третирање на комарци, одобрен од Бирото за лекови.Граѓаните што одгледуваат пчели потребно е да ги преземат потребните заштитни мерки за време и по третирањето на подрачјето, соопштуваат од Општината.
При несоодветни временски услови, третирањето против комарци ќе се одложи за следниот поволен ден.