На 18.06.2023година, во 00:05 часот на ул.„Руенска“ во Македонска Каменица, полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица го привеле А.С.(24) од село Цера. Лицето е приведено поради агресивно однесување кон полициските службеници кои во моментот преземале службени дејствија.
По комплетирање на случајот против А.С. ќе биде поднесен соодветен поднесок.