Македонија годишно губи по 12.000 жители. Парите повеќе не се причина, младите заминуваат од други причини

Македонија годишно губи по 12.000 жители. Парите повеќе не се причина, младите заминуваат од други причини

 

Демографската иднина, според Апостол Симовски од Државниот завод за статистика, не зависи од желбата да се има демографски раст, односно да се има деца, и зависи пред се, од сите останати фактори во општеството.

– Слушнавте, денес луѓето не емигрираат затоа што не може да заработат во државата, денес луѓето сакаат да имаат вистински можности во државата, да имаат квалитетно образование, здравство и можност да работат и заработат, да се промовираат себе си и можност за остварување на останатите потреби, културни и културолошки. Тоа е она каде треба да се делува за да може евентуално да се влијае врз демографскиот раст, изјави Симовски, во Студио 10 на ТВ24.

 

 

Податоците од Пописот, појасни Симовски, покажаа дека ние во 19 годишен период имаме загуба на повеќе од 200 илјади лица, и пресметките кои беа основа за поставување на проекциите на миграциите, рече тој, е просечното миграциско салдо во минатиот период кое изнесуваше околу 12 илјади лица годишно. Според искуствата на другите земји, појасни Симовски, можностите за миграција се поголеми во процесот на пристапување, но по членството во ЕУ, се намалува желбата и почнува реверзибилен процес.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *